март 4, 2015

Охрид, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалната манифестација „Охридска поетска китка“ овој петок 6-ти март, ќе се одржи во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Поетската манифестација е во пресрет на одбележувањето на Денот на жената 8-ми Март, каде седум поетеси ќе се претстават со свои стихови.

Учество ќе земат: Елена Ангелоска, Даниела Илијоска, Зорица Илијоска, Роза Костеска, Наташа Митреска, Маја Мојсова и Жаклина Ристоска.

„Охридската поетска китка“ ќе се одржи со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука