февруари 7, 2017

Охрид, 7. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Втората летна школа на Енергетската заедница ќе се одржи во Охрид во периодот од 26-ти август до 2-ри септември 2017 год.

Секретаријатот на Енергетската заедница ги повикува мотивираните постдипломци и докторанти, истражувачи од областа на енергетиката, како и претставници од невладини организации и компании од земјите членки на Енергетската заедница, да се пријават за учество на летната школа.

– Целта на оваа школа е промовирање и развивање на компетенциите на учесниците во врска со сите прашања поврзани со енергетиката преку мулти-дисциплинарна програма. Школата е поддржана од мрежа на академски и истражувачки институции од Енергетската заедница и пошироко. Оваа година летната школа е поддржана од Меѓународниот вишеградски фонд, Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ), Polis University од Тирана и Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) од Скопје, напоменуваат од Секретаријатот.

Возраста на апликантите е ограничена до 35 години. Пријавувањето трае до 31-ви март годинава на: https://www.energy-community.org/portal/page/portal/ENC_HOME/SECRETARIAT/Summer_School/2017/How_to_apply (Крај)

извор: Факултети фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука