Охрид, 13. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од култниот охридски Jazz Inn испраќаат покана до сите на уште еден одличен настан, настапот на секстетот на Томе Илиев.
Инспирирани од македонските традиционални песни и американскиот класичен џез, секстетот со својот швајцарски состав го снимија нивниот прв феноменален албум „Sketches of Macedonia“.
– Повелете на промоцијата на нивниот албум да им дадеме заедно поддршка, бидејќи овај уникатен албум на македонските традиционални песни во џез преработки е прекрасен поклон за македонската музика. Во групата свират: Tome Iliev – Clarinet, Basscl. Comp., Florian Weiss – Trombone, Francois Lana – Piano
Valentin Baumgartner – Guitar, Goran Geshovski – Bass и Adrian Böckli – Drums, информираат од Jazz Inn.
Настанот кој е дел и во програмата на првото издание на „Културолошка иницијатива 5 до 12“, алтернативното културно лето во Охрид, започнува во 22:00 часот, а сите заинтересирани можат да купат влзници по цена од 200 денари во Jazz Inn. Резервации на телефонот 078/201-491. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива