Скопје/Белчишта, 13. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – По обилните снежни врнежи во делови на земјава за време на изминатиот викенд, дефектите со електричната енергија, во општина Дебрца патните правци се проодни во зимски услови, но се’ уште има прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од општината.
Станува збор за селата Лактиње, Годивје, Врбјани, Арбиново, Сливово, Турје и Мраморец. Екипи на ЕВН се на терен и работат на нормализирање на состојбата, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Тој упати апел до граѓаните да ја следат временската прогноза и да избегнуваат да одат на повисоките места доколку се најавени обилни врнежи на снег. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 53