Охрид, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридското село Долчно Лакочереј и улицата „Радојца Новиќиќ“ денеска ќе останат без електрична енергија.
Прекинот, како што информираат од ЕВН Македонија ќе започне во 13 часот и 30 минути и ќе трае до 15:00 часот.
Од компанијата појаснуваат дека електричната енергија ќе биде во прекин поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот на снабдувањето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34