март 10, 2017

Охрид, 10. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид ќе се одржи семинар на тема: Законодавни иницијативи за човекови права во организација на Вестминистер фондацијата за демократија во соработка со Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Семинарот ќе се одржи во хотелот „Милениум Палас“.

Иницијативата „Адекватен минимален приход“ е дел од проектот „ Граѓаните во собранието: Законодавни иницијативи за човекови права“ со финасиска и техничка поддршка од Вестминстер фондација за демократија. Осум законодавни иницијативи се дел од овој проект кои треба да се отворат.

– Справувањето со сиромаштијата е секогаш политичка одлука и подготвеност да се стави крај на низа активности што доведуваат до тоа, бидејќи сиромаштијата е директната последица. Постојниот закон предвидува висина на социјална помош со која, за да преживеат граѓаните, мора да се снаоѓаат на алтернативни начини, да работат „на црно“, да ги загрозуваат своето здравје и општата безбедност. Потребна е измена во Законот за социјална заштита, односно ревидирање на системот за социјална заштита, а започнуваме со висината на социјалната парична помош, која бараме да биде најмалку на висината на прагот на сиромаштија во земјата, објаснуваат од Вестминистер фондацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука