ноември 22, 2017

Охрид, 22. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се уписите за курсевите кои ги организира реномираната компанија Семос, која после 22 години успешна работа во Скопје и повеќе од 55.000 ученици, стартуваше со работа и во Охрид.

– Предвидени се курсеви за деца и возрасни. Наставата ќе се одвива по сертифицирани програми од страна на искусни предавачи. Како понуда имаме и курсеви за основни IT вештини, програмирање и дизајн. Она што е особено важно, зa да може да му се посвети повеќе внимание на секој учесник, е тоа што ќе имаме ограничен број слушатели по група. Компјутерски добро образованиот ученик е ученик на светот. Тој е дел од глобалните процеси и ги ползува глобалните можности за едукација, посетува и полага испити преку интернет, посетува библиотеки, музеи, галерии, присуствува на веб семинари и работилници. Овозможете му на своето дете да биде еднакво со сите деца од светот. Подарете му комјутерска основа за неговата идна наобразба, направете го дел од големото семејство на Семос едукација. Часови за основни интернет вештини, програмирање, веб и графички дизајн, информираат од Семос и додаваат дека во моментов трае промотивниот попуст на сите курсеви.

Просториите на Семос едукација се наоѓааат на Булевар „Туристичка“, во Мини базарот на „Гранит” (веднаш до АРС Нова студио), а сите заинтересирани можат да добијат дополнителни информации на телефонот 071/300-500 или на www.semosedu.com.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука