Скопје, 31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Нов закон за високо образование, бараат професорите преку Сенатот на универзитетот Свети Кирил и Методиј од Министерот за образование Абдулаќим Адеми.
На универзитетскиот сенат, едногласно 70 професори донеле одлука да се потегне иницијатива за негово менување и дополнување. Целта е поквалитетно образование, компатибилно со европското, зачувување и развивање на националниот интелектуален и научен потенцијал.
Во отвореното писмо ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Велимир Стојковски, на Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми му ја пренесува одлуката на Универзитетскиот сенат, со која се дава предлог во најкус можен рок министерот да иницира расправа.
Во писмото до МОН се вели:
– Во најкус можен рок, да иницирате расправа со наставниците, студентите и сите релевантни чинители во процесот на високото образование, заради сеопфатна, стручна и темелна анализа од која ќе произлезе предлог за промени, односно нов закон за високото образование.
Предлогот на УКИМ веќе сериозно се разгледува во министерството за образование. Формирана е и работна група која врши проценка но и стратегија за унапредување на образовниот процес. (Крај)
извор: ОхридПрес/Р.С. Европа/Сител фото: архива