февруари 26, 2017

Париз, 26. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Француските медиуми пренесуваат дека екипите на Милан и Барселона се  заинтересирани за десниот бек на ПСЖ, Серж Орие.

Орие тековнава сезона не добива голема минутажа кај тренерот Унаи Емери и сигурно ќе ја промени средината во летниот трансфер период.

Серж Орие е репрезентативец на Брегот на Слоновата коска ,неговата цена на пазарот изнесува околу 10 милиони евра, а „Л’Екип“ тврди дека Барселона и Милан веќе ги направиле првите контакти со неговиот агент. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука