Охрид, 18. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Серија земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,1 (3,6) степени ги возмемирија охриѓани ноќеска.
Првиот и најсилен земјотрес се случи 2 минути по 02:00 часот и според Европската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ) неговата јачина била 4.1 степен (според други мерења, јачината била 3,6 степени). Епицентарот на земјотресот беше на 8 километри од Ресен, односно во близина на охридското село Косел.
Утрово, нешто после 08:00 часот, се случи уште еден земјотрес со јачина од 2,9 степени, исто така во близина на Косел. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 37