Барселона, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Серхио Бускетс ги разрешеи сите дилеми околу својата иднина откако договорил продолжување на соработката со Барселона.
Изминатиов период за него сериозен интерес искажаа неколку англиски гиганти, но Бускетс секогаш потенцираше дека приоритет му е останување на „Камп ноу“.
Управата на Барса знаеше да го цени ова, па беше договорено соработката да продолжи до јули 2019 година.
Бускетс со каталонскиот гигант освои четири титули во Примера дивизион и двата трофеи во Лигата на шампионите, во 2009 и во 2011 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 42