Мелбурн, 26. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сестрите Венус и Серена Вилијамс, ќе играат во женското финале на првиот грен слем во сезоната, Australian Open.
Во полуфиналето Венус се намачи да ја победи сонародничката Коко Вандевеј со 2-1 во сетови (6-7,6-2,6-3) и успеа да се пласира во своето второ финале во Мелбурн ,прво по пауза од 14 години.За разлика од Венус, нејзината сестра немаше проблеми со Мирјана Лучиќ-Барони, мечот траеше 52 минути, а Серена победи со 6-2, 6-1.
Серена против Венус ќе се бори за својата 23-та грен слем титула. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 15