Скопје, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на македонскиот шампион Металург за само три дена два пати беа поразени од Загреб на домашен терен во „Борис Трајковски“.
По поразот од неделата во ЛШ, синоќа металурзите беа надиграни од хрватите со 23-20 во натпревар од 15-то коло од СЕХА лигата.
До крајот на регуларниот дел, Металург ќе одигра уште три натпревари, на гости против Борац и Нексе и дома против Мешков Брест.
По 15 одиграни средби, Металург е на шестото место со само 15 бода, додека хрватскиот тим Загреб е на третото место со 30 бодови. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23