Загреб, 20. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – СЕХА-лигата го објави распоредот за сезоната 2019/2020 во која титулата ја брани европскиот првак Вардар. Од оваа сезона лигата има нов формат, односно формирани се две групи со по шест тима. Покрај Вардар македонски репрезент ќе биде Еурофарм Работник.
Противници на Вардар во А-групата ќе му бидат Нексе (Хрватска), Татран Прешов (Словачка), Војводина (Србија), Татабања (Унгарија) и Мотор Запорожје (Украина).
Еурофарм Работник ќе дебитира во СЕХА-лигата, а конкуренти во Б-групата ќе му бидат Веспрем (Унгарија), ППД Загреб (Хрватска), Мешков Брест (Белорусија), Металопластика (Србија) и Пекинг Спорт Универзити. (Крај)
https://twitter.com/SEHALeague/status/1152217793460391938
извор: Топспорт фото: архива
Прочитано: 41