Охрид, 13. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве започнаа градежните активности за реконструкција на патот Косел-Вапила во должина од два километри и 200 метри.
Се поставува асфалт со дебелина од 6 сантиметри, а на почетокот на трасата кај селото Косел ќе бидат изградени и тротоари со цел побезбедно минување на пешаците.
Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга. Проектот е вреден 120.000 евра, пари што Општина Охрид ги обезбеди во соработка со Светска Банка и Фондовите од Европската Унија.
Градежните активности за реконструкција на овој патен правец се очекува да завршат пред почетокот на летната туристичка сезона. (Крај)
извор/фото: Општина Охрид
Прочитано: 27