мај 5, 2017

Охрид, 5. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Индексот на цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава, е зголемен за 0.8%.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0.1%, безалкохолни пијалаци за 0.7% и ноќевања за 3.1%, додека во групата алкохолни пијалаци има намалување за 0.2%.

Индексот на цените на угостителските услуги во април 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1.0%. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука