Охрид, 18. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Се’ е подготвено за годинешното издание на големиот христијански празник Богојавление Водици, а сите верници ширум државата и светот ќе можат да ја следат манифестацијата и во живо на Тв Сител од каде ќе вршат директен пренос.
Екипи на локалните Јавни претпријатиј го украсија централното градско подрачје и пристаништето со зеленило и верски знамиња, а претходно беше исчистен делот од езерото и кејот каде ќе бидат сместени капачите и каде ќе се одвива полагањето на Светиот крст.
Утре, ба 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 07:00 часот наутро. Оваа година Свети Литургии со почеток во 08:15 часот ќе се одржат во четири парохиски цркви; Успение на Пресвета Богородица Каменско, Св. Никола- Геракомија, Св. Никола- Долна Влашка Мала и Св. Георгија- Горна Влашка Мала.
Литијата кон градското пристаниште ќе се упати во 09:45 часот. Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од Градското пристаниште, а чинот на полагањето ќе го изврши Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.
По церемонијата за осветување на водите од Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, на Градскиот плоштад е предвидена богата музичка програма. Ќе настапат Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес