Охрид, 3. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Започнавме со промена на оштетените детски реквизити, напиша на профилот на Фејсбук градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
– Првично се менуваат на детските игралишта кај каналот Студенчишта и на улица „Кеј Македонија“. Акцијата за промена на оштетените детски реквизити продолжува и на другите игралишта. Вредноста на проектот изнесува 403 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информира Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26