декември 11, 2019

Охрид, 11. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Изјавата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески дека автопатот Кичево-Охрид се гради со засилено темпо и дека ќе биде готов до 2021 година, беше една од најкоментираните на Facebook страната на OhridPress деновиве.

Одговорно тврдам дека се направени сериозни промашувања во проектот за што потрошивме многу време додека ги отстранивме недостатоците, истакна министерот Сугарески.

– Но, сега тоа е поминато и главно сме фокусирани на изградбата. Темпото е засилено, веќе се работи на одредени подделници на автопатот, законот за заем на дополнителните средства очекуваме најбрзо да помине во Собрание, така што немам дилеми околу изградбата. Таа тече континуирано и очекувам да се запази рокот до 2021 година, напомена Сугарески.

Граѓаните генерално со неверување гледаат на овие зборови и порачуваат дека на патот се изведуваат многу малку градежни активности и дека според нив нема да се запази рокот до 2021 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука