септември 8, 2019

Охрид, 8. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Изјавата на градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиески дека изминал периодот на преговори, договарања и молења со сопствениците на дивоградбите, при што најави активности за нивно уривање чиј старт се брои со денови, беше една од најкоментираните изминативе 24 часа на OhridPress.

– Почетокот на акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти се брои со денови. Апелирам до сите кои добиле решенија за остранување на објекти, независно дали се работи за платформи, тераси, бетонски бази и друг вид нелегално изградени објекти, не ден побрзо туку час поскоро да почнат сами да ги острануваат. Уривање во Охрид ќе има многу скоро, рече Георгиески.

Граѓаните генерално со неверување гледаат на овие зборови и порачуваат дека беше крајно време да се започне постапката. Дел се со став дека истите треба да се легализираат и дека тие не сметаат, туку помагаат во насока на развивањето на туризмот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука