септември 3, 2019

Охрид, 3. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Веста за информацијата на граѓанската иницијатива Охрид SOS за врнежите од дожд од минатата недела кои придонесле реалноста да излезе на виделина, беше една од најкоментираните изминативе 24 часа на OhridPress.

Информацијата зборува за проблем кој е реален и повеќе пати апострофиран од страна на медиумите во јавноста и за жал се’ уште не е дојден на дневен ред кај одговорните за решавање. Сепак, избрзаната формулација за „врнежите од дожд од минатата недела“, кои реално ги немаме подолго време во Охрид, а кои сепак некако го иницирале процесот, ја одвлече дискусијата сосема на друга страна.

Граѓаните го осудуваат чинот на истекувањето на канализацијата во езерото, но и прашуваат кога тоа заврнало минатата недела. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука