News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 21, 2024

Охрид, 21. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека возило удрило во 18-годишен пешак на кеј „Македонија“ кој се здобил со тешки телесни повреди е помеѓу најкоментираните деновиве на нашиот Facebook профилот на OhridPress.

Инцидентот, според полицискиот Билтен, се случил на 19-ти октомври 2024 година, во 16:30 часот во СВР Охрид, кога на кеј „Македонија“ во Охрид патничко возило марка „Ауди А3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 19-годишно лице, удрило во 18-годишен пешак, двајцата од Охрид.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. При ударот било оштетено паркирано патничко возило „Фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

Читателите на OhridPress во коментарите посочуваат декатреба да се преиспита одлуката овој потег да се користи за движење на автомобили и паркинг и во најголем дел од коментарите посочуваат дека истата треба да биде пешачка зона. Потсетуваат дека на само педесетина метри е улицата „Партизанска“, која е во ист правец.- Секаде градското јадро е пешачка зона, потенцираат во коментарите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука