Охрид, 7. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на максимална гласност и видливост, како и слушање на гласот на народот, презентирање на интересни идеи, предлози и нивно промовирање пред пошироката јавност, порталот OhridPress воведува нов сегмент – „Се зборува на Facebook“.
Коментарите за темите кои предизвикале најголеми реакции на нашите социјални мрежи, ќе ги селектираме во посебен дел од порталот и ќе бидат објавувани во вид на посебни вести, коментари, објави, фото приказни, фото-монтажи и сл.
Во рубриката ќе се објавуваат материјали кои се јавно достапни и кои корисниците сами ги објавиле. Согласно тоа, а според условите за користење и политиката за податоци на Facebook, порталот не е одговорен за нарушување на приватноста, тајноста на личните податоци или авторските права за користење на овие јавни објави на Интернет.
Порталот OhridPress нема во ниту една форма да ги менува, коментира или става во различен контекст објавите на читателите. Истите ќе бидат објавени во изворна-оригинална форма.
Пред да коментирате, внимателно прочитајте ги условите за користење и политиката за податоци на Facebook.
Со почит
Ваш OhridPress