Охрид, 16. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Веста дека неодговорни поединци фрлиле скоро цел тоалет во водите на Охридското Езеро беше една од најкоментираните деновиве на OhridPress.
Нуркачите на клубот „Akvatek“ на нивниот официјален профил на Facebook ги објавија фотографиите кои предизвикаа бурни реакции во јавноста, а подоцна веста беше објавена и од повеќе медиуми во државата.
Во коментарите се осудува постапката и се бара одговорност од сторителите. Ова особено во време, кога се затвораат за капење плажи во градот поради несоодветен квалитет на водата, а се’ во пресрет на шпицот на сезоната.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 32