март 5, 2020

Охрид, 5. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Веста за улицата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“ и во вечерните часови е комплетно неосветлена, беше една од најкоментираните на Facebook страната на OhridPress деновиве.

Граѓаните генерално со став дека проблемот мора да се реши и дека улицата треба да се осветли, асфалтира, но и да се намени за пешаци, велосипедисти, рекреативци, а не исклучиво за автомобили. Додаваат дека целиот комплекс треба добро да се осмисли и да му се даде соодветна намена.

Улицата, која е со должина од близу 500 метри, за време на реконструкцијата беше најавено дека ќе добие нова сигнализација и осветлување и дека видно ќе го растовари сообраќајот од населбите „Радојца Новичиќ“, „Долно Лакочереј“ , „Горно Лакочереј“ и „Орман“ кон централното градско подрачје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука