Охрид, 1. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности, изведба на фекална канализација кај новиот комплекс згради на булевар „Туристичка“ (Лукоил и Окта).
– Должината на трасата изнесува 550 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф250 и Ф315 метри и изработка на 16 армирано бетонски ревизионни шахти. Градежниот зафат изнесува 3.865.966,оо денари и се реализира по налог на фонд за комунален развој со средства од буџетот на општина Охрид, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 54