март 8, 2018

Охрид, 8. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со Одлука на Управниот одбор на ЈП „Градски гробишта“ од Охрид  ќе се издава под закуп ресторанот, кој е во сопственост на јавното претпријатие.

Ресторанот е со површина од 306 м2, а проценетата вредност на објектот е 14.858.310 денари. Почетниот износ на месечна закупнина е 74.291,55 денари. Минималниот износ на наддавање е 1.000 денари.

Подносителот на пријавата за учество задолжително треба да достави банкарска гаранција во висина од 2% од вкупната проценета вредност на објектот, односно 297.166 денари.

Договорот за закуп е во времетраење од 4 години.

Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават најдоцна до 19-ти март до 12:00 часот по пошта или лично во архивата на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид на адресата: „15-ти Корпус“ б.б. Охрид, со назнака „по ОБЈАВА 1/2018“.

Електронското јавно наддавање ќе се одржи на интернет страната www.eaukcijaohrid.mk, а ќе зпочне на 26-ти март во 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука