Охрид, 27. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Се интензивираат подготовките за спортската манифестација „Охрид трчаТ“ која по втор пат, со поддршка на општина Охрид, ќе се одржи на 3-ти јуни.
Асоцијација на спортови „ Сите за спорт“ одржа средба со претставници на Локалната самоуправа, Противпожарната единица, Црвен крст, Здраствен дом, СВР и општинските јавни претпријатија. На средбата беа договорени обврските за логистичка поддршка во организацијата на овој масовен спортски настан.
Овогодинашното издание на „ Охрид трчаТ“ , како и лани, на сите професионалци, рекреативци и тркачки ентузијасти им нуди учество на трките на 10 и 5 километри и тим билдинг трка, како дел од трката на 5 километри. Претходно како што најавија од Асоцијцијата на спортови, на 19-ти мај се организира ноќна трка од Горица до Градскиот парк,на 23-ти мај ќе се одржи училишна трка, а на 2-ри јуни ќе има детска трка со учесници на возраст од 4 до 5 години.
На манифестацијата „ Охрид трчаТ“ се очекуваат околу 800 учесници од Охрид и други градови од Република Македонија и соседните земји. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива