Дебрца, 15. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е имплементација на проектот „Реконструкција на училишната зграда на подрачното училиште во село Мешеишта“.
Вложувањето во образованието е градење на скапоцен потенцијал и инвестиција во иднината на општината и државата, вели градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Со проектот се врши целосна реконструкција на просториите на поранешната ЗЗ @Славеј”, а кои се составен дел на училишната зграда и за кои се планира во иднина да се оспособат како Центар за дневен престој на деца, се адаптираат простории за котлара за централно греење на училишната и општинската зграда, се санираат оштетените делови во училниците и санитарните јазли во училиштето и се поставуваат радијатори .
Вкупната вредност на работите изнесуваа 3.075.504 денари, а средствата, во износ од 2.500.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, програма за рамномерен регионален развој за 2019 година, по поднесена апликација од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а преостанатиот износ ќе се обезбеди од општинскиот буџет. (Крај)
извор: Општина Дебрца фото: Општина Дебрца
Прочитано: 27