Охрид, 21. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на „Паркови и зеленило“ започнаа со подигање и реконструкција на јавното зеленило во Охрид.
Претпладнево се врши кастрење на крошните на дрвата на булеварот „Туристичка“.
Покрај тоа се врши и надополнување на дрворедите од двете страни на булеварот на потегот од кружниот тек кај гимназија до спортската сала „Билјанини извори“, како и на улица „Асном“, на потегот од „Кеј Македонија“ до пресек со „Туристичка“. На овие локации ќе се засадат 70 нови садници од видот јавор и јасен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/Охридски комуналец
Прочитано: 25