Струга, 4. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Последните анализи на квалитетот на водата за пиење од водоводна мрежа во Струга покажуваат дека вредноста за параметарот матност е во рамки на пропишаните и законски дозволени вредности, информираат од Центарот за јавно здравје.
Во тек е комплетна физичко-хемиска и микробиолошка анализа на земените примероци на вода за пиење од градскиот водовод во Струга, а официјалниот наод од анализита ќе биде доставен до надлежните инспекциски служби, за натамошно постапување. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22