Охрид, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во рамките на Училишната спортска лига за основни и средни училишта, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на локалната самоуправа, беше одиграно третото коло од лигата футсал.
Младите спортисти играа во спортската сала „Билјанини Извори“. Зедоа учество учениците од VI и VII одделение во машка конкуренција.
Во третото коло од лигата во футсал беа постигнати следните резултати:
ОУ „Братство Единство“- ОУ „Св.Наум Охридски“ – 2:3
ОУ „Св.Климент Охридски“ – ОУ „Христо Узунов“ – 0:2
ОУ „Григор Прличев“ – ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец – 3:1
ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти – ОУ „Кочо Рацин“ – 4:1
Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со натпревари во шах за учениците од женска и машка конкуренција во основни и средни училишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива