Охрид, 11. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на училишните спортски лиги на Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на локалната самоуправа Охрид, беше организиран турнир во баскет во спортска сала „Билјанини Извори“.
Турнирот беше за основни училишта во кој заедено учествуваа повеќе од 80 ученици.
Се одиграа повеќе натпревари со учениците и се постигнаа следните резултати:
ОУ „Св.Наум Охридски “ Пештани – ОУ „Христо Узунов“ 2:0
ОУ „Братство Единство“ – ОУ „Св.Климент Охридски“ 2:0
ОУ„Григор Прличев “ – ОУ„Живко Чинго“ Велгошти 0:2
Додека во полуфиналето резултатите се:
ОУ „Св.Наум Охридски “ – ОУ „Братство Единство“ 0:2
ОУ „Живко Чинго “ Велгошти – ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец 0:2
Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со финалните натпревари во футсал и одбојка и натпреварите во атлетика за основни и средни училишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива