Охрид, 21. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на локалните Јавни претпријатија, утрово започнаа со отстранување на типизираните куќарки од Градскиот плоштад, на потегот околу споменикот на „Св. Климент Охридски“.
Истите беа поставени за време на новогодишните празници и се користеа како привремени објекти во кои се продаваа прехранбени производи.
За нивно нормално функционирање беа обезбедени и соодветни услови за безбедно работење, како довод на електрична енергија и поврзување со водоводната мрежа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 49