Скопје, 15. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за здравство пред следната сезона на грип, оваа есен, планира да обезбеди 70.000 бесплатни вакцини за пензионери со просечна и потпросечна пензија.
Бесплатните вакцини против грип, аккои до сега се наплаќаа меѓу 250 и 300 денари, ќе можат да ги искористат и лицата над 60 години, кои се’ уште немаат пензија, а се без или со ниски приходи. Ова е дел од пакетот поволности, што ги подготви Министерството.
Денеска на владина седница е и Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери во Република Македонија за 2018 година.
извор: Канал77 фото: архива
Прочитано: 34