Се’ поголеми оштетувања на пристаништето во Охрид
јануари 14, 2025

Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Исклучително нискиот водостој на Охридското Езеро веќе подолг период наназад ги откри оштетувањата на пристаништето во Охрид.

Деновиве е забележително проширување на потегот кај самата линија на езерото каде е видливо дека дел од камењата се изместени и доколку не се санираат, оштетувањата дополнително ќе се зголемат.

Причина за оштетувањата се секако брановите, но и самата старост. Пристаништето е изградено минатиот век за време на кралството Југославија, во далечната 1938 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука