Се подобруваат условите за дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“
декември 31, 2024

Охрид, 31. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се подобруваат условите за дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид.

– Набавени се 95 дрвени мобилни креветчиња и душеци наменети за деца од 2 до 6 години. Креветчињата се анатомски и изработени од буково дрво, а душеците се од 100 % памучен материјал. Новиот инвентар, градинката го набави со сопствени средства. Во континуитет продолжуваме да бидеме посветени на најмладата популација во нашата општина, затоа што тие ја заслужуваат целата наша грижа, информираат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука