Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Нискоградба“ од Охрид започнаа со градежни активности на изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците „Петрино“ и „Кленоец“.
– Должината на трасата изнесува 425 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф315 и ф250. Градежниот зафат изнесува 3.901.622 денари, а средства се обезбедени од буџетот на Oпштина Oхрид, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 37