Охрид, 16. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – По податоците за освоените градоначалнички места, партиите почнаа со пресметки околу поделба на советничките мандати.
Советот на Општина Охрид брои 23 советници. Според податоците на Државната изборна комисија, советничката листа на СДСМ во Охрид освои 15.198 гласови (45%), ВМРО ДПМНЕ 12.871(38,11%), коалицијата на ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците, 2643 гласови (7,83%), независната советничка листа на Љупчо Настоски освои 1.180 (3,49%) и ДПА 323 гласови односно 0,96%.
Па, така според првичните пресметки ако не се земат во предвид евентуалните приговори, СДСМ ќе има 12 советници, ВМРО ДПМНЕ 9 или 10, а коалицијата на ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците еден или двајца советници. (Крај)
извор: ОхридПрес/ДИК фото: архива