Струга, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна несреќа се случи претпладнево на регионалниот пат Охрид – Струга.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи од Охрид, несреќата се случила по 10:00 часот, а во неа учествувало едно патничко возило „Мерцедес“.
Во еден момент возилото во кое се превезувале четворица патници излетало од патот и се превртело на десната страна. Нема повредени.
Од полицијата соопштија дека најверојатно, причината за превртувањето е неприлагодената брзина кон условите на патот, но точната причина ќе биде соопштена по сумирањето на податоците од страна на увидната екипа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Прес24
Прочитано: 26