Охрид, 6.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Преку електронското јавно наддавање, општина Охрид го нуди на продажба градежното земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на автобуска станица.
Почетната цена изнесува околу 50 евра или точно 3.170 денари.
Површината на градежната парцела е 11.997 метри квадратни, со дозволена површина за градење од 10.252 метри кавадратни.
Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица и правни лица од Република Македонија како и физички и правни лица од странски земји, во согласност со законските процедури и правилници. Депозитот за учество на јавното наддавање е околу 60 илјади евра или точно 3.803.049 денари.
Освен потребната документација, во пријавата за учество треба да се приложи и Банкарска гаранција во износ од 100.000 евра во денарска противвредност за серизност на понудата со рок на важност до 15-ти јуни 2015 година, со која понудавачот ќе гарантира доколку е избран за најповолен понудувач дека ќе ја уплати крајно постигната цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавното наддавање, во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор.
Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 8-ми април 2015 година, до 16 часот на следната интернет адреса: њњњ.градезно-земјисте.мк. Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на истата интернет страна на 15-ти април 2015 година, во 10 часот и истото ќе трае 15 минути.(Крај)
извор:Охридпрес фото:ОхридПрес