Охрид, 21. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Исклучително нискиот водостој на Охридското Езеро веќе подолг период наназад ги откри оштетувањата на пристаништето во Охрид.
Во септември годинава пишувавме за истите, а деновиве е забележително проширување на потегот кај самата линија на езерото. На овој потег е видливо дека дел од камењата се изместени и доколку не се санираат, оштетувањата дополнително ќе се зголемат.
Причина за оштетувањата се секако брановите, но и самата старост. Пристаништето е изградено минатиот век за време на кралството Југославија, во далечната 1938 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 22