Охрид, 10. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридските станоиздавачи се информираа за предлог измените во законите за туристичка и угостителска дејност.
Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој ги информира присутните за донесените заклучоци од страна на работната група при Министерството за економија, а кои се однесуваат на предлог измените во Законите за туристичка и угостителска дејност. На состанокот беше укажано дека наредниов период ќе се работи на можноста нивните барања да бидат инкорпорирани во законот. Со најавените измени во законската регулатива беа запознаени и претставниците на туристичките агенции и водичите од Охрид. (Крај)
извор/фото: Општина Охрид
Прочитано: 21