февруари 3, 2018

Охрид, 3. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ денес помогнаа во санирањето на штетите од вчерашниот пожар на улицата „Аргир Маринчев“ број 9, кој зафати две куќи во населбата Месокастро.pozarkukasanacija2

Со два трактори е однесена опожарената покуќнина, која вчера беше изнесена од зафатените куќи од страна на пожарникарите.

pozarkukasanacija3 pozarkukasanacija4Борбата со огнената стихија траеше околу два часа, а за екипите на противпожарната единица од Охрид сериозен проблем беа тесните улички во овој дел на градот. Според првичните анализи, во пожарот изгореа една соба и дел од покривот, а е повредено едно лице кое се обидело да го гасне пожарот, при што се здобило со полесни изгореници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука