Се санира дефектот на водоснабдителната мрежа во Пештани
јануари 14, 2025

Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Се санира големиот дефект на водоснабдителната мрежа во село Пештани.

– Се известуваат жителите од населбите Лагадин, Елешец и село Пештани дека и покрај екстремно ниските температури и непристапниот терен, екипите на ЈП „Водовод“ Охрид до раните утрински часови работеа на отстранување на големиот дефект на водоснабдителната мрежа во село Пештани, на водоводна цевка со профил ф300 mm, информираат од прететпријатието.

Нивни екипи продолжуваат и денес со санацијата до целосно отстранување на дефектот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука