News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 28, 2024

Охрид, 28. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Согласно одобрената Годишна програма од страна на Министерството за култура и туризам, за тековно одржување на објекти кои се под надлежност на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, се превзедоа одредени зафати за санирање на објектот „Меморијална куќа на Григор Прличев“.

– Во тие активности во текот на октомври 2024 година, се санираа ѕидните платна од јужната страна и плафонот во приземјето како и одредени интервенции на увалите на кровот, чистење на олуци како и промена на искршени ќерамиди и заливање на слеменици и грбини, информираат од Завод и Музеј Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука