Охрид, 4, јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нешто после 13:00 часот, се скрши голема гранка од високиот бор во центарот на градот.
За среќа, во инцидентот нема повредени лица, а оштетени се само неколку велосипеди кои во моментот на незгодата биле под дрвото.
Денес во Охрид се одржа манифестацијата „Охрид ТрчаТ“ и во овој дел на градот имаше големо движење на луѓе и вистинска среќа е што во инцидентот нема повредени лица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 30