Охрид, 25. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на секторот „Паркови и зелелнило“ при ЈП „Охридски комуналец“ деновиве вршат уредување и кастрење на дрворедите низ Охрид.
Раководителот на единицата Трајан Љаткоски за Супер радио и OhridPress информир дека секоја година, согласно програмата што ја носи општина Охрид, во овој период се врши уредување на крошните и кастрење на дрворедите.
Деновиве се работи на дрворедот долж булеварот „Туристичка“, од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до пресекот со улица „Даме Груев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 13