Охрид, 21. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве течат финалните подготвителни активности за поставување на лизгалиште на мраз.
Лизгалиштето е лоцирано на улица „Македонија“, пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Во периодот додека е поставено лизгалиштето, општина Охрид, секојдневно ќе организира забавна програма на мала сцена крај лизгалиштето.
Проектот за изнајмување и поставување на лизгалиштето на мраз е на Агенција за млади и спорт, а општина Охрид ги изведува подготвителните зафати. Проектот е „тежок“ 14.000.000 денари, а освен во Охрид лизгалишта ќе се поставуваат уште во шест општини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 20