август 10, 2019

Охрид, 10. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, се уредува просторот пред спомен обележјето на великанот на македонскиот расказ, македонскиот прозаист и писател -Живко Чинго.

Во активностите за уредување на просторот се поставија клупи, бекатон плочки и поставување на парковски рабници. Градежните работи ги извршува ЈП „Градски гробишта“.

Манифестацијата посветена на Живко Чинго ќе се одржи во вторник, на 13-ти август со почеток во 20:00 часот. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука